1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расветлувањето на НСА аферата бавно како полжав

Бернд Греслер/ Александра Трајковска8 јули 2013

Во однос на обвинувањата против американската тајна служба НСА, германската влада вели дека тапка во темно. Расветлувањето на случајот почнува дури сега, појасни портпаролот на Меркел. Во меѓувреме се сомничи и БНД.

https://p.dw.com/p/193vZ
Фотографија: imago/PEMAX

И покрај интензивното прашување, владиниот портпарол Штефен Зајберт беше прилично затворен пред новинарите во Берлин. Германската тајна служба (БНД, на насловната фотографија е новата централа во Берлин) со децении соработува со американската агенција за безбедност НСА, меѓутоа тоа се одвивало според правото и законите, и е надгледувано од страна на парламентарните контролни тела. Нови сознанија нема, рече Зајберт по повеќе од четири недели од обелоденувањето на американската програма за шпионажа „Призма“.

Во тек бил процесот на расветлување на фактите. За таа цел неделава во Вашингтон се водат разговори меѓу германски и ЕУ експерти и американските службеници. На крајот на неделата на разговори во САД ќе отпатува и германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих. Засега меѓутоа нема одговор од Вашингтон на загрижените писма од министерот Фридрих и министерката за правда Сабине Лојтхојзер Шнаренбергер до нивните ресорни колеги, поради програмата за шпионирање.

Портпаролот Зајберт нагласи дека германските тајни служби агираат според правото и законите, што е службен владин одговор на обвинувањата на Едвард Сноуден, дека НСА била „под ист покрив со Германците, како и со повеќето други западни држави“. Сноуден го кажа ова во интервју за најновото издание на неделникот „Дер Шпигел“. Тој со ова ги вмеша германските тајни служби во аферата со масовоно шпионирање на струите податоци ширум светот.

„Строго, според законите“

Опозиционите социјалдемократи и партијата на Зелените, кои воедно се наоѓаат среде изборна кампања, повеќе тендираат да му веруваат на Сноуден отколку на владата во Берлин. Генералната секретарка на СПД Андреа Налес, би сакала да знае даки германските тајни служби од нивните американски колеги добиле информации за германски државјани, кои самите не смееле да ги регистрираат. „Или поинаку кажано: Дали под покровителство на канцеларскиот кабинет се кршат германските закони?“

Symbolbild USA Geheimdienst Überwachung Internet Spionage Datenspionage
Фотографија: imago/mm images/peoplestock

На новинарско прашање, дали постоеле договори меѓу Германија и САД, кои на НСА би и' дозволиле, масовно да собира податоци во Германија, портпаролот на владата Штефен Зајберт повтори дека: Долгогодишната соработка меѓу БНД и НСА се одвива „строго според правото и законите“.

Според неделиникот „Дер Шпигел“ Службата за заштита на уставот надлежна за одбрана од шпионажа во моментов проверува, дали НСА има пристап во интернет сообраќајот, кој минува низ Германија. Досега немало сознанија дека интернет врзните точки во Германија биле шпионирани од НСА, го цитира неделникот претседателот на Службата за заштита на уставот Ханс Георг Маасен.

Обвинувањата за шпионажа против НСА фрлаат сенка и врз почетокот на преговорите за заедничка слободна трговска зона меѓу ЕУ и САД.