1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расипан телефон за референдумот за името

28 октомври 2009

ЕУ нема да биде нов медијатор во грчко - македонските преговори, но Брисел очекува дека македонската влада ќе демонстрира волја за побрзо затворање на спорот со името. Експертите се поделени дали да има референдум.

https://p.dw.com/p/KHg8
Фотографија: Petr Stojanovski

Евродипломатите во Скопје изминативе два дена на власта и на опозицијата им пренесоа став од челниците на Унијата дека референдумот е забавување на побрзо темпо во спорот со името. Околу него нема ни заклучок по одржаната дебата во Собранието околу Извештајот на ЕК. Пратениците самите си поделија комплименти со ставот дека Парламентот е локомотивата што ја влече Македонија кон Брисел. Но, нивниот консензус во изминатиот период околу постигнувањето на законите од евроагендата истовремено истиот ден беше нарушен со јавните препукувања меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Опозицијата пренесе ехо од Брисел дека референдумот не е прифатлива форма за брзо решавање на спорот меѓу Атина и Скопје. Власта одговори дека премиерот Груевски е принципиелен и дека граѓаните треба со непосредно изјаснување да бидат прашани за спорот со Грција. Лидерот на ДУИ Али Ахмети во дипломатските контакти изминатата недела бил против референдумот за името, што се смета како нов обид на Албанците да вршат притисок врз ВМРО ДПМНЕ да се откаже од референдумот.

Експертската јавност е поделена

Во изминатиот период и експертската јавност беше поделена.

„Ако власта договорила разумен компромис, ако опозицијата ја поддржува власта, бидејќи компромисот бил разумен, ако знаеме дека Албанците ќе гласаат за евроинтеграции, тогаш навистина се поставува прашање зошто ни е референдумот“, изјави Лидија Димова од Македонскиот европски центар за образование.

Mazedonien Skopje Flash-Galerie
Експертите во Скопје се поделени околу референдум за иметоФотографија: AP

Владимир Ортаковски, универзитетски професор по меѓународни односи со поинаков став:

„Република Македонија е нашето име, од 1944 година наваму. За евентуална компромисна формула за некакво ново композитно или не знам какво име, се содржани сите услови да се оди на референдум.“

Емоциите кај Македонците ги изразува или од нив стравува и професорот Звонимир Јанкуловски, доколку биде распишан референдум:

„Ова е прашање кое задира во чувствата на една цела категорија, на една нација. Нација која со векови се обидувала нешто да направи, држава, а кога ја направила, одеднаш се вели, чекајте, не сте тоа, ние ќе ве викаме поинаку.“

„Најдобро би било, ако веќе се спроведува, референдум да се спроведе пред да се почнат преговори, да се види дали граѓаните се сложуваат со било каква измена на името, а не како што би се правело сега“, коментира професорот Борче Давитковски.

Изјавата на еврокомесарот Оли Рен, дека референдумот за името

не е мудра одлука, експертите во Скопје ја толкуваат и како уште еден притисок, иако и меѓу нив има се‘ помалку приврзенииц за брзо решение.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска