1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расмусен пред големи предизвици

1 август 2009

Данецот Андерс Фог Расмусен официјално ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО. Расмусен го наследи Јаап де Хоп Шефер, кој на чело на НАТО сојузот беше од 2004 година.

https://p.dw.com/p/J1S3
Расмусен при изборот во априлФотографија: AP

Андерс Фог Расмусен e новиот генерален секретар на НАТО. Данецот ја презема функцијата од Јап де Хоп Шефер. Првиот работен ден на Расмусен ќе му биде в понеделник, а во вторник ќе го води првиот формален состанок на Северноатлантскиот совет. Еден од предизвиците за новиот цивилен шеф на НАТО, Расмусен, останува најголемиот воен ангажман на Алијансата во моментов - Авганистан. Тој најави дека ќе се залага за воспоставување контакти и водење преговори со дел од талибанските групи: „Има меѓу Талибанците и такви групи, со кои може да разговараме во обидот да постигнеме помирување во Авганистан. Но, исто така постои и тврдо јадро кај Талибанците, кое има почит само пред воената моќ и со него нема смисла да се се преговара“, оцени Расмусен во интервјуто за данскиот весник „Политикен“. Со оваа заложба тој го поддржа неодамнешното барање на британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд.

Dänemark Ministerpraesident Anders Fogh Rasmussen soll Nato Generalsekretär werden
Поранешниот дански премиер на чело на НАТОФотографија: AP

Поранешниот дански премиер, на новата функција ќе мора да се справи и со пиратството на Рогот на Африка. Освен ова, компликувани се и односите со Русија поради спорот околу аспирациите на Грузија и Украина да му пристапат на НАТО сојузот.

Инаку номинацијата на поранешниот дански премиер на функцијата генерален секретар на НАТО беше оспорувана, бидејќи Данецот во спорот околу објавувањето на карикатурите за Пророкот Мухамед во данските весници си создаде непријатели меѓу Муслиманите. Новиот генерален секратар на НАТО знае дека во арапските земји постојат задршки поврзани со неговата личност. Во интервју за телевизијата на Дојче веле, тој затоа најави конкретни чекори за да им се приближи на Муслиманите. „Имам намера многу скоро да отпатувам во Турција и сакам да преземам конкретни иницијативи за да го зајакнам партнерството и соработката со муслиманските земји,“ истакна Расмусен.

Автор: AТ/ГЧ/дпа/дв/цдф

Редактор: Александра Трајковска