1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Распуштена владата на либиските бунтовници

9 август 2011

Советот на либиските бунтовници одлучи да ја распушти владата и да формира нова, под раководство на старо-новиот премиер Махмуд Џибрил.

https://p.dw.com/p/12DHg
Мустафа АбделџалилФотографија: picture-alliance/dpa

Претседателот на Националниот преоден совет на либиските бунтовници, Мустафа Абделџалил, ја распушти владатa, потврдија портпароли на движењето. Задача да ја реформира владата доби досегашниот премиер Махмуд Џибрил. Новата влада ќе ја сочинуваат 15 членови, задолжени за управување со подрачјата, кои се под контрола на бунтовниците, главно во источниот дел од Либија.

По минатонеделното убиство на началникот на востаничкиот генералштаб, генералот Абдел Фатах Јунес, во Бенгази се’ посилни се шпекулациите за раздор во редовите на бунтовниците.

Автор: БГ/ТТ/ап, миа

Редактор: Горан Чутаноски