1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Растат цените на производите во Македонија

Горан Петрески 25 март 2008

Цените на производите во Македонија раста. Владата призна дека нејзините порценки за инфлацијата нема да се осварат. Опозицијата обвинува дека рстечките цени ги стопиле зголемените плати и пензии.

https://p.dw.com/p/DTuP
Прехрамбените производи поскапуваатФотографија: picture-alliance/ dpa

Храната галопорички поскапува, а прогнозите за натамошниот тренд не се воопшто утешителни. И во наредниот период ќе продолжи растот на цените на прехрамбените производи, најавуваат производителите.За Македонија спас е земјоделството, треба да се зголеми обемот на производство на храна, вели Никола Варадинов, од фабриката за производство на масло за јадење, Благој Ѓорев.

За само неколку месеци потрошувачката кошничка во Македонија поскапела за 18 проценти пресмета опозицијата и ја обвини владата дека со лажни економски показатели ја залажува јавноста.

Игор Ивановски од СДСМ вели „Потрошувачката кошница од 2007 година е зголемена за цели 30 евра. Тоа е двапати пиовеќе од зголемувањето на просечната пензија, со која се фали владата и 20 проценти повеќе од зголемувањата на проесечната плата. “

Владата признава дека бранот поскапувања ги изместил првичните прогнози според кои инфлацијата во 2008 ќе изнесува 3 проценти. Но уверува дека нема потреба од паника. До крајот на годината инфлацијата може да достигне најмногу шест проценти, вели вицепремиерот Зоран Ставревски потенцирајќи дека таквата стапка не е штетна за економијата.

Експертите стравуваат дека инфлацијата може да биде и поголема.

Прогнозите се дека цените на земјоделските производи секаде во Европа, годинава и наредната ќе бидат високи. Ваквите глобални движења нема да ја одминат ниту Македонија, но тоа е шанса за македонското земјоделство. Здружениото на земјоделски производители при Стопанската комора најави дека во пролетната сеидба ќе бидат опфатени повеќе површини од лани.