1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте бројот на жртви од птичјиот грип во Кина

БГ/ртр/афп5 април 2013

Кинеските власти започнаа со масовно уништување на живината од пазарот во Шангај откако почна да расте бројот на жртвите на новиот, мутиран тип на птичји грип во земјата.

https://p.dw.com/p/18AJ6
Фотографија: Xiao Xu

Денеска е регистрирана и шестата жртва од смртоносниот вирус кој научниците го именуваа Х7Н9. Сите 14 регистрирани инфекции, како и жртвите од вирусот се од регионот на источна Кина. Поради тоа кинеските власти одлучија да го затворат пазарот за живина во Шангај и да ги уништат животните.

Веста за појавата на новиот грип предизвика голем пад на акциите на берзата во Хонг Конг поради страв дека болеста би можела да ја погоди локалната економија. Големи загуби очекуваат и кинеските авиопревозници.

Светската здравствена организација соопшти дека засега нема докази оти вирусот може да се пренесе од човек на човек. Тестовите покажале дека вирусот може да се третира со анти-грипозни лекови како Тамифлу и Реленца. СЗО соопшти дека одблизу ја следат здравствената состојба на околу 400 луѓе кои биле во директен контакт со досега заболените.

Кинеските власти ветија дека ќе сторат се’ за да го спречат ширењето на вирусот. Во 2003. година тамошните власти првично се обидоа да ја прикријат епидемијата на САРС поради која починаа околу 10 проценти од вкупно заболените 8 илјади луѓе.