1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте опасноста од епидемии

6 август 2007

Во поплавените области во Индија, Бангладеш и Непал постојано расте бројот на жртвите. Хуманитарната помош не може да стигне до сите настрадани. Надојдената вода носи и други закани.

https://p.dw.com/p/BQLR
Бангладеш е една од најпогодените земјиФотографија: AP

Расте опасноста од зарази и епидемии во поплавените области околу коритатата на надојдените реки Ганг, Гахара и Брамапутра и стотиците споредни рекички. Се уште големи делови од Бангладеш се метро под вода. Властите и спасувачките екипи стравуваат од избивање на колера, тифус и маларија. Болниците и стационарите се преполни. Дехитратација, дијареа, алергии и инфекција на респираторните органи се најчестите проблеми со кои се соочуваат. Зголемен е бројот и на луѓе каснати од змии, кои исто така мора да се санираат.

Во индиската покраина Утар Прадеш на викендот на над два милиони луѓе во околу 2000 села им беше поделена храна и хуманитарна помош од воздух. Илјадници доброволци и војници се во акција, да поделат лекови, шатори, ќебиња и основни намирници. Проблематично е тоа што во многу региони нема доволно чамци за да се стигне до настраданите подрачја. Даглас Бродерик од Светската програма за храна:

“Најважно е да се обезбеди доволно чиста вода за пиење. Со тоа луѓето ќе може да преживеат неколку дена. Но, итно е потребна и храна бидејќи поголемиот дел од настраданите загубија се. Куќите, залихите и целиот имот им е поплавен. Могумина немаат можност ништо да си направат за јадење”.

Меѓународните хуманитарни организации апелиераат за донации. Според податоците на УНИЦЕФ, само над три милиони деца се погодени од катастрофалните поплави. Германската влада донираше половина милион евра помош во Светската програма за храна. Парите треба да се искористат за обезбедување храна особено за најпогодениот Бангладеш. Организацијата започна хуманитарна акција и во Непал. Таму над 60 000 луѓе треба да бидат згрижени во следните три месеци.

Со оглед на тоа дека врнежите во последниве денови намалија, се повлече и нивото на водата во дел од поплавените подрачја. Но, опасноста се уште не е помината, предупредува Џеро Мастер вработена во УНИЦЕФ во индиската покраина Асам:

“Нивото на водата во Брамапутра и други помали реки полека се повлекува. Сончево е и нема нови врнежи. Но, селата кои се наоѓаат покрај речното корито се се уште силно погодени од поплавите. Таму водата стои со денови и од селата се повлекува многу полека.”

Монсунсккиот период во Азија трае од јуни до септември. Но, годинава дождовите беа посебно силни. Според медиумските извештаи уште на почетокот на монсунската сезона имаше многу повеќе врнежи отколу за целиот монсунски период во изминатата година.