1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Растурен кампот „Окупирај“ во Москва

АМ/дпа/ап/афп16 мај 2012

Руската полиција растури уличен камп на групата „Окупирај“ денеска во Москва и уапси бројни демонстранти. Местото во центарот на Москва стана центар на опозициската активност.

https://p.dw.com/p/14wES
Фотографија: picture-alliance/dpa

Градскиот суд во Москва вчера донесе одлука дека не може да се протестира во централната населба Чистје Пруди. Процесот пред судот го стартуваа жителите кои живеат околу булеварот, каде кампуваа опозиционерите. Кампот беше поставен на 6-ти мај, по антивладиниот марш. Набрзо стана едно од неколкуте јавни места во Русија на кои се критикува претседателот Владимир Путин.

Во кампот имаше неколку постојани жители, а бројноста во него варираше од неколку илјади во предвечерјето до помалку од стотина во текот на ноќта. Полицијата изјави дека 23 демонстранти биле приведени, затоа што давале отпор при растурањето на кампот. Приведените ќе бидат наскоро пуштени, а одреден од нив можеби ќе добијат и парична казна. Но, 20-ина други се преселија на плоштад западно од центарот на Москва.

Истакнатиот активист Илија Јашин рече дека групата ќе се премести пред познатиот облакодер од времето на Сталин, во близина на московската зоолошка градина. Меѓу демонстрантите најбројни се младите луѓе. Отпорот против владеењето на Владимир Путин се обидува сега да добие на енергичност, откако тој го презеде третиот претседателски мандат. Протестите, кои често беа проследени и со насилство и приведување на опозициски лидери, избија во декември, по одржувањето на парламентарните избори. Резултатот од нив опозициските активисти го оспоруваат.