1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Раул Кастро реизбран на лидерската функција

ЕМФ/дв25 февруари 2013

Во Куба се‘ останува по старо, барем во наредните пет години. Народниот конгрес го реизбра Раул Кастро, помладиот брат на револуционерниот лидер Фидел Кастро, на функцијата.

https://p.dw.com/p/17l9f
Фотографија: picture alliance/AP Photo

Откако новиот Народен конгрес во Хавана, според очекуваното, го потврди Раул Кастро (на фотографијата десно) на функцијата шеф на државата и на владата, тој најави дека по завршувањето на овој мандат во 2018 година веќе нема да стои на располагање. Земјата стигна до моментот кога е подготвена одговорноста да и‘ ја предаде на помладата генерација, рече Кастро пред 612 пратеници на Народниот конгрес.

Истовремено, Кастро најави уставна реформа, која, меѓу другото, треба да предвидува ограничување на извршување на највисоката функција во државата на два мандата. Тој во својот говор ја формулираше целта за „уредено“ предавање на власта во рацете на нова генерација во наредните пет години. Една од главните функции уште вчера (23.02) му беше доделена на политичар од новата генерација. Педесет и двегодишниот Мигуел Дијаз-Канел е избран за нов потпретседател на Куба. Пораншениот министер за образование не учествувал во кубанската револуција во 1959 година.

Помладиот брат на Фидел Кастро во Хавана стави до знаење дека промената на генерации не треба да се сфати како промена на политичкиот систем. „Не бев избран за да го воведам повторно капитализмот во Куба, туку бев избран за да го усовршам социјализмот, а не да го уништам“, рече Раул Кастро.