1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рафајловска останува министерка за економија

Александар Чомовски 5 декември 2007

Аргументите на опозиционата СДСМ не беа доволни за да добијат поддршка за интерпелацијата на министерката за економија Рафајловска. Таа останува на функцијата.

https://p.dw.com/p/CXHh
Македонскиот ПарламентФотографија: picture-alliance/ dpa

Собранието на Македонија со мнозинство гласови синоќа не ја прифати интерпелацијата што опозицијата ја поднесе за министерката за економија Вера Рафајловска од редовите на НСДП. За интерпелацијата поднесена од СДСМ гласаа 26 пратеници, а против се изјаснија 41. На гласањето му предходеше дебата околу работата на министерката Рафајловска како и за нејзината улога во поништениот тендер за продажба на ТЕЦ Неготино.