1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рајнер Бридерле ќе ги предводи германските либерали на изборите

СБ/ЕМФ/афп/дпа10 март 2013

Владејачките либерали во Германија го избраа претседателот на нивната пратеничка група во Бундестагот за предводник на кандидатската листа на оваа партија за претстојните парламентарни избори во земјата.

https://p.dw.com/p/17udg
Фотографија: picture-alliance/dpa

На изборниот конгрес на Партијата на слободните демократи (ФДП) во Берлин, Рајнер Бридерле со акламација беше избран за водечки кандидат на партијата за изборите за Бундестагот во септември. Шефот на пратеничката група на либералите во актуелниот состав на Бундестагот притоа ги повика сопартијците да не се плашат од „противниците на слободата“. Бридерле во обраќањето пред делегатите на конгресот се заложи за продолжување на актуелната владејачка коалиција со Христијанско-демократската и Христијанско-социјалната унија, но истовремено ги обвини овие две партии дека „наталожиле малку повеќе социјалдемократска маст“.

Без ФДП во Европа немаше да има Фискален пакт, туку должничка Унија, порача 67-годишниот Бридерле во неговиот говор, чиј крај беше проследен со повеќеминутни овациии.

Вчера (09.03), на првиот ден од конгресот, делегатите со 85,7 насто гласови го реизбраа актуелниот министер за економија на Германија, Филип Реслер за претседател на партијата. Реслер, но и Бридерле (двајцата на сликата горе), јасно се дистанцираа од можни коалицирања со, во моментов, опозициските партии на социјалдемократите и на зелените по парламентарните избори во септември. Партијата на слободни демократи веќе подолго време забележува многу ниски вредности во анкетите на популарноста на политичките партии и и’ претстои важна предизборна кампања и битка за надминување на цензусот од 5 проценти кој е потребен за влегување на нејзините пратеници во Бундестагот.