1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рајс во Москва

15 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag47

Во Москва денеска престојува и американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс во обид да ги смири затегнатите односи меѓу американската и руската влада. Таа ќе има средби со рускиот претседател Владимир Путин и со нејзиниот ресорен колега Сергеј Лавров. Пред посетата Рајс изрази загриженост околу развојот на демократијата во Русија и го критикуваше зголемувањето на моќта во Кремљ. Руското раководство му префрла на Вашингтон дека со планираниот ракетен штит во Источна Европа им наштетува на руските инетереси.