1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рајс патува на конференцијата за Ирак во Истанбул

2 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C0E5

САД и‘ ветија на Турција помош во конфликтот со курдските бунтовници во северен Ирак. Истовремено, американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс од владата во Анкара побара воздржаност. На пат за Анкара, Рајс изјави дека Турција не смее да преземе ништо што би го дестабилизирало северот на Ирак, но дека е неопходно да се преземе нешто ефективно против заканата од забранетата Курдска работничка партија, ПКК. Рајс треба да учествува на меѓународфната конференција за Ирак во Истанбул, каде треба да води разговори со турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоан и ирачкиот премиер, Нури ал Малики.