1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рајс со успеси од турнејата по Блиски исток

16 јануари 2007

Најновата блискоисточната турнеја на шефот на американскиот Стејт департмент, Кондолиза Рајс, се чини носи први плодови.

https://p.dw.com/p/Ac04
Кондолиза Рајс со египетскиот претседател Хосни Мубарак
Кондолиза Рајс со египетскиот претседател Хосни МубаракФотографија: AP

На полето на заживувањето на мировниот процес за Блискиот исток таа доби согласност од израелската и палестинската страна за средба на врвот со нејзино посредување. А и по прашањето за стабилизирање на Ирак – Рајс доби важни сигнали од арапските земји. Извештај на Естер Сауб.

Денеска на дневниот ред се натамошни разговори со највисоки претставници на власта на Саудиска Арабија, каде од вчера се наоѓа американската министерка за надворешни работи. И овде таа бара поддршка за новата иницијатива на светската супер сила во мировниот процес за Блискиот исток, но уште повеќе во фокусот е регионалниот проблем со Ирак и мешањето на Иран. Саудиска Арабија имено како важен регионален сојузник на САД се закани дека ќе му пружи отворена поддршка на сунитското малцинско население во Ирак. Ова би можело да ја поттикне натамошната ескалација на насилство меѓу сунитите и мнозинските шиити во Ирак, кои пак добиваат поддршка од Иран.

На претходните разговори во египатскиот главен град, Рајс доби јасен сигнал од арапските земји со мнозинско сунитско население, како што се уште Египет, Јордан и земјите од Персискиот залив, дека ќе и‘ дадат поддршка на американската стратегија за смирување на Ирак само доколку светската супер сила посилно се заангажира за надминување на деценискиот спор меѓу Палестинците и Израелците. Формулата на кусо гласи: земја за Ирак.

“Ние го носиме заеднички ризикот, како и одоговорноста што се однесува до Ирак, бидејќи во овој регион на светот состојбата во Ирак има големо влијание“ - изјави Рајс по вчерашните разговори со египетскиот претседател Хосни Мубарак, кој понуди помош и посредување.

На прес конференцијата во Луксор, Рајс ја обледени и најкрупната новина во дипломатските напори: согласноста на израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас за средба на врвот со присуство и на американската министерка за надворешни работи:

“Премиерот Олмерт и претседателот Абас не сакаа да ја отворат оваа дискусија. Последен пат за овој проблем тие разговараа пред шест години. Ми се чини дека е умно сега да почнеме со она што претседателот Абас го нарекува неоформална дискусија, а тоа значи да седнат на маса и навистина да разговараат!“