Реакции на воената операција на турската армија во Северен Ирак
23 февруари 2008Реклама
Поддршка и предупредување од Вашингтон
Американскиот министер за надворешни работи Кондолиза Рајс претходно и‘ даде поддршка на акцијата на турската армија, нагласувајќи дека: „ПКК е заеднички непријател на Турција и на САД.„
Истовремено Рајс побара од официјална Анкара да се однесува умерено и со операцијата да не доведе до дестабилизација на политичката ситуација во Ирак.
„Треба да се откаже од се‘ што би можело да ја загрози ситуацијата во Ирак, која е кршлива, но сепак е на пат да се подобри.„
Рајс ја смета операцијата на турската армија за ризична, затоа:
„Најновата операција треба да биде што е можно покуса.„
Рајс предупреди од опасноста копнената офанзива на турската армија да го дестабилизира целиот регион. Според нејзината проценка ризикот од операцијата е поголем од реалната полза. За проблемите што Турција ги има со Работничката партија на Курдистан е далеку подобра соработката меѓу владите во Анкара и Багдад, оцени шефицата на американскиот Стејт департмент. Таа сепак не кажа какви конкретни мерки има намера да преземе официјален Вашингтон за да влијае врз Курдите на Северен Ирак да ги ограничат можностите за дејствување на забранетата ПКК.
Реклама