1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции на најавата за двојазични патокази во Македонија

Александар Чомовски4 март 2007
https://p.dw.com/p/AdZ8
Од седница на македонската влада
Од седница на македонската владаФотографија: DW
Кабинетото на македонскиот премиер Никола Груевски донесе заклучок за двојазичност на сообраќајните патокази. Но најавата за двојазични патокази низ целата држава наидува на остри реакции. Претседателот на Новата социјалдемократска партија Тито Петковски, за ова прашање ќе разговара и на утрешната лидерска средба со владините коалициони партнери.