1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции на предлогот на министерот Шојбле за антитерористичката политика

9 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BE5i

Германскиот канцелар Ангела Меркел има намера да се вмеша во спорот во рамките на големата владина коалиција околу политиката за анти тероризам меѓу ресорниот министер за внатрешни работи и владиниот партнер СПД. На оваа тема ќе се оддржи средба уште во текот на оваа недела, најави владиниот портпарол Томас Штег. Унијата и Социјалдемократите спорат околу тоа дали сојузната полиција треба да има право да врши интернет пребарувања. Освен ова министерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле дискутира и за тоа дали на лицата за кои се смета дека ја загрозуваат безбедноста треба да им се забрани употреба на мобилни телефони или интернтет, или привремено да се затворат. Министерот сака да ја провери и можноста за целно убивање на осомничени од страна на државата.