1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции на случувањата во Гвантанамо

13 јуни 2006

Откако тројца затвореници во Гвантанамо извршија самоубиство, германската влада бара опсежно расветлување на случајот. Ова е основното расположение во германскиот главен град.

https://p.dw.com/p/Ae10
Затвореници во Гвантанамо при молитва
Затвореници во Гвантанамо при молитваФотографија: AP

Стивен Хедли, советникот за безбедност на американската влада, изминатиов викенд телефонски го информираше кабинетот на германскиот канцелар за случувањата во затворот Гвантанамо. Портпаролот на германската влада Улрих Вилхелм „Важно беше, што советникот за безбендост информираше за трите самоубиства и дополни оти ќе има опсежна истрага на околностите од страна на американската влада.“

Портпаролот на германската влада Вилхелм не сакаше да заземе став во однос на изјавите на командантот на логорот адмирал Хери Харис. Харис смртните случаи не ги означи како акт на разочарување туку како чин на водење војна против САД.

Ставот на германскиот канцелар Ангела Меркел во однос на Гвантанамо е познат - таа пледира логорот, кој постои од 2002 година да биде затворен „Институција како Гвантанамо не може и не смее долго да егзистира.“

Ова Меркел го кажа пред нејзината прва посета на САД на почетокот на годинава. Таа својот став му го пренесе и на американскиот претседател Буш. Двајцата освен ова разговараа и за гермаснкиот – Турчин Мурат Курназ, еден од 460 те затвореници во Гвантанамо. За случајот Курназ портпаролот на владата Вилхелм „Знаете дека канцеларот при нејзината посета на Вашингтон во јануари се заложи за скорешно ослободување на господин Курназ и дека се преземени преговори, кои од германска страна ги води нашата амбасада во Вашингтон. Овие преговори се во тек.“

И претседателот на фракцијата на СПД во Бундестагот Петер Штрук бараше затварање на Гвантанамо. Постапките го потврдуваат сомнежот на правото на псотоење на логорот. Затворениците треба да добијат нормален судски процес, рече Штрук за весникот „Билд Цајтунг“

Повеќето од 460 те затвореници се држени на неодредено време без тужба, што постојано води до протести од европските политичари и организиациите за човекови права. Последно данскиот премиер Размусен во Камп Дејвис се заложи за затварање на Гвантанамо. Британскиот премиер Тони Блер логорот го означи како „аномалија “