1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции: Обама бара враќање на демократскиот поредок во Египет

АТ/ дпа/ афп4 јули 2013

Американскиот претседател Барак Обама е „длабоко загрижен“ поради развластувањето на египетскиот претседател Мурси. Тој ја повика војската, колку што е можно побрзо власта да ја предаде на демократски избрана влада.

https://p.dw.com/p/191sR
Фотографија: Reuters

„Длабоко сме загрижени за одлуката на египетските сили за безбедност, да се отстрани претседателот Мурси и да се укине египетскиот устав“, се изјасни американскиот претседател Барак Обама (на насловната фотографија). Тој ги повика египетските сили за безбедност да делуваат „брзо и одговорно“ и колку што е можно поскоро повторно владата да ја предадат на демократски избрана цивилна влада. Ова би морало да се случи во „транспарентен процес“, во кој би требало да се вклучат различни општествени групи.

Освен ова, египетската војска би ребало да гарантира дека ќе бидат штитени правата на сите Еѓипќани, без оглед на тоа дали им припаѓаат на мнозинските или малцинските групи, рече американскиот претседател. Неговата земја и натаму ќе соработува со египетскиот народ, за преминот кон демократијата да биде успешен.

Обама даде налог за проверка, дали соборувањето на Мурси од страна на војската има последици за американскта финансиска помош за египетската армија. САД ја поддржуваат најгусто населената земја во арапскиот свет со 1,5 милијарди долари годишно, поглемиот дел од тоа е за силите за безбедност.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун оцени дека секакво „мешање на војската во надлежностите на државата предизвикува загриженост“. Важно е цивилниот ред брзо повторно да се воведе во согласност со принципите на демократијата.

Саудиска Арабија честита

По соборувањето на Мурси, кралот Абдула од Саудиска Арабија му честиташе на новото раководство во Каиро за преземање на власта „на оваа решавачка точка во историјата“. „Господ нека ви помогне да ја носите одговорноста која лежи на вашите плеќи, за да се исполнат надежите на египетскиот народ“, напиша кралот во телеграмата со честитки до претседателот на египетскиот уставен суд, Адли Мансур. Истовремено монархот ја пофали „мудроста“ на египетската војска, која земјата ја „спасила во одлучувачки момент“.

Министерот за надворешни работи на Франција Лорент Фабиус оцени дека во ситуацијата која сериозно се влоши и со оглед на екстремните тензии во Египет „конечно биле најавени нови избори“: „Франција го прими тоа до знаење“. Париз само се надева, дека Египќаните „слободно ќе можат да ги изберат нивните водачи и нивната иднина“.

Лондон опоменува на воздржаност

Велика Британија ги повика приврзаниците и противниците на Мурси на воздржаност. Состојбата во Египет е опасна, рече министерот за надворешни работи Вилијам Хејг. Тој ги повика сите страни да се воздржат и да избегнат насилство. Велика Британија не поддржува никаква воена интервенција како пат за решавање на конфликти во еден демократски систем. Важно е да биде слушната желбата на народот за брз економски и политички напредок, дополни Хејг. Кон тоа припаѓаат брзи и фер избори и влада водена од цивили.

GB Außenminister William Hague
Шефот на британската дипломатија Вилијам ХејгФотографија: ABBAS MOMANI/AFP/Getty Images

Шеф - диломатот на Европската унија Кетрин Ештон во текот на ноќта побара од сите страни брзо да се вратат кон демократскиот процес со одржување на слободни и фер избори како и усвојување на Устав.

Шефот на пратеничката група на Зелените во Бундестагот, Јирген Тритин, рече дека иднината на Египет ќе зависи од тоа дали уверувањата на војската за нов Устав и скорешни нови избори за цивилна влада ќе бидат спроведени. „И таа зависи од меѓусебното разбирање меѓу лаицистичките и муслиманските струења во општеството“.