1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ревидирана прогнозата на НБМ за економскиот раст во Македонија

СН/АТ/миа/макфакс1 август 2012

Околу еден насто раст на Бруто домашниот производ годинава, а 3% во 2013., гласи ревидираната проекција на Народна банка на Македонија. Претходната проекција за растот на БДП за 2012. беше 2%, а за догодина 3,7 насто.

https://p.dw.com/p/15hg8
Фотографија: DW/Medana Weident

Народната банка на Македонија (НБМ) денеска (01.08.2012) изврши најнова ревизија на очекувањата за растот на македонската економија на еден насто, наспроти априлската проекција кога предвидуваше дека растот ќе изнесува 2 проценти.

Надолната проекција се должи на повторното зголемување на ризиците на
финансиските пазари и проблемите со должничката криза во еврозоната.
Економските изгледи за глобалната економија повторно се влошени, а повторно
влошување, исто така, има и кај прогнозите за економските остварувања кај
најважните трговски партнери на Македонија, се вели во извештајот
на НБМ, при што се додава дека е можно намалување на странската побарувачка за македонските производи.

Народната банка на Македонија очекува во 2013. година да дојде до постепено
закрепнување и предвидува раст на македонската економија од 3 насто, што е
сепак помалку од проекцијата во април годинава кога НБМ за следната година
предвидуваше раст од колку 3,7 %.

Растот во наредната година се очекува да биде поддржан од подобриот амбиент,
структурните промени и инвестициите на државата. Најголемо влијание врз движењата во економијата, според оценката на НБРМ, има ограничената надворешна побарувачка за македонските производи.