1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рекорд во извозот

2 јануари 2012

И покрај европската должничка криза 2011 година беше рекордна за германската економија. Германскиот извоз порасна за вкупно 12 проценти. Најважен регион останува Европа, пред се’ истокот на континентот.

https://p.dw.com/p/13cot
Пристаништето во ХамбургФотографија: dapd

Естонија во еврозоната се смета за пример. Во ниту една друга земја државните долгови не се на толку ниско ниво. Економијата бележи бум - брутодомашниот производ во 2011-ва година порасна за осум проценти. Од тоа профитираат и германските фирми.

Извозот за Естонија само во првото полугодие на мината година се зголеми за 39,5 проценти. Значителен пораст е забележан и во Словачка и Полска.

Поинаку изгледаше во кризните земји. Извозот во Грција се намали за осум проценти додека за Португалија бележи минус од 2,2 насто.

Повеќето економски експерти очекуваат пад на стопанството во Европа годинава. Германските извозници ги очекуваат тешки времиња, освен ако извезуваат уште повеќе од досега во регионите во светот каде има економски бум.

Автор: Алекса Мајер/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска