1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рекордна невработеност во Грција

ЖА/макфакс8 август 2013

Невработеноста во Грција бележи нов рекорд - стапката пораснала во мај 2013 година на 27,6 отсто,надминувајќи го досегашниот рекорд од 27 проценти од април годинава, покажаа официјалните резултати објавени денеска.

https://p.dw.com/p/19MXb
Фотографија: picture-alliance/dpa

Стапката на невработеноста е најголема откако грчката државна статистичка агенција Елстат во 2006 година започна да ги објавува ваквите извештаи, и е поголема повеќе од двојно отколку просечната стапка на невработеност во еврозоната, којашто изнесува 12,1 отсто.

Рекордната невработеност во Грција е последица на шестгодишната рецесија, како и на радикалните мерки за штедење коишто ги воведе владата во Атина, за да го намали огромниот државен долг и условеноста од меѓународните грчки кредитори. Грција, имено, од 2010 година преживува благодарејќи само на финансиската помош од Меѓународниот монетарен фонд и партнерските земји од еврозоната. За да продолжи да ја добива меѓународната помош од стотици милијарди евра, странските заемодавачи бараат земјата да ги спроведува непопуларните реформи, кои меѓу другото вклучуваат и зголемени даноци и намалување на вработените во јавниот сектор.