1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реми на Шалке, пораз на Вердер во Лигата на шампионите

7 ноември 2007

Бродолом на Бешикташ. Милан убедлив и на гостувањата.Во групата на Вердер најнеизвесно. Вечер се играат натпреварите во преостанатите четири групи од фудбалската Лига на шампионите

https://p.dw.com/p/C50O
надмоќната игра Шалке не успеа да ја круниса со гол против ЧелзиФотографија: AP

Германските претставници синоќа останаа без победа, иако Шалке ја заслужи и беше близу до неа. Во средбата од Б-групата на Лигата на шампионите Шалке во Гелзенкирхен одигра само 0 спрема 0 со Челзи од Лондон, иако за цело време доминираше на теренот, напаѓаше, но не успеа да реализира ниту една шанса. Во истата група норвешкиот тим Розенборг од Трондхајм постигна заеблежителен успех со победата над Валенсија - и тоа како гостин - со 2 спрема 0. Сега Челзи има 8 бодови, Розенборг 7, Шалке 4, а Валенсија 3.

Во Ц-групата Вердер в Рим загуби од Лацио со 2 спрема 1. Германскиот претставник прикажа слаба игра во поголемиот дел од средбата. Офанзивата во последните минути, кога имаше и човек повеќе на теренот по исклучување на еден противнички играч поради втор жолт картон не беше доволна за целосен пресврт. Лацио, кој настапи без македонскиот интернационалец Горан Пандев, не реализира и пенал при резултат од 2 спрема 0.

Реал Мадрид на госдтувањето во Пиреја одигра 0 спрема 0 со Олимпијакос и води во групата со 8 бодови. Олимпијакос и лацио имаат по 5, Вердер 3.

Во А-групата Ливерпул му нанесе катастрофален пораз од 8 спрема 0 на турскиот тим Бешикташ од Истанбул и малку си ја подобри состојбата на табелата. Порто, кој дома го победи Олимпик од Марсеј со 2 спрема 1, води во групата со 8 бодови, Олимпик има 7, Ливерпул 4, а Бешикташ сега е последен со 3 бодови.

Во Д-групата Милан во Доњецк го совлада домашниот тим Шахтјор со 3 спрема 0 и е на чело со 9 бодови. Шахтјор на второто место има 6, а со него се изедначи и Селтик по синоќешната победа против Бенфика во Глазгов со 1 спреам 0. Бенфика остана на 3 бодови.

Вечер се играат натпреварите од 4-тото коло на Лигата на шамионите во преостанатите 4 групи. Штутгарт му гостува на Олимпик во Лион.