1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реформа во АРМ

Сашко Димевски14 ноември 2006

Министерот за одбрана Лазар Еленовски и началникот на Генералштабот на армијата на Република Македонија генерал потполковник Мирослав Стојановски вчера изнесоа низа мерки кои одбранат е подготвена да им ги понуди на старешнитие и војниците, за полесно да се навикнат на предвременото завршување на нивните воени кариери.

https://p.dw.com/p/Adb5
Скопје
СкопјеФотографија: DW

Програмата на армијата е догорочен процес без утврдени рокови. Ќе се спроведува под будното око на стручњаците од советодавниот тим на НАТО и од консултанскиот тим на Бузален и Хамилтон, а е спонзорирана од норвешката влада.

Со неа ќе се бара решение за 113 високи официри на армијата од капетани до полковници, и на околу 50 професинонлани војници кои во 2007 година ќе мора предвреме да си заминат од армијата и да се привикнат на цивилниот живот. „Подобро овие луѓе да не ги оставиме на милсот и немилост, да најдеме начин, како овие луѓе преку широк спекрат од мерки да се најдат, да ја продолжат својата професионална кариера и да бидат корисни. Пред се за општеството, за Република Македонија и за својот личен професионален раст.“ вели за Дојче Веле Александар Генчев, полтиитчки советник во кабинетот на министерот за одбрана.

Програми за надобрзба и преквалификација

Ова се процедура и мерки што постојат во сите земји на НАТО, објасни генералот Стојановски и додаде дека на старешините ќе им бидат понудени максимално потребни корисни мерки, како што се платени постдипломски студии во траење од две години, за кое време тие ќе примаат редовна плата. Додека на професионалните војници ќе им бидат на располагање платени курсеви и тренинзи, за поттикнување на нивните вештини во времетраење од шест месеци.

Целта на оваа програма е да се поттикнат овие сеуште активни луѓе да продолжат со нивните животи на друго професионално поле. Тим од психолози и специјалисти ќе треба да ги откријат и поттикнат нивните вистински специјалности и вештини. Меѓутоа целиот овој проект ќе биде само листа на добри желби, доколку пазарот на трудот во Македонија не биде во можност да ги апсорбира овие стручњаци кои заедно со илјадниците други професори и професионалци не ќе можат да најдат вработување.