1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реформите во Србија во застој

Томас Брај (дпа)/ АТ19 август 2013

Србија доби пофални зборови од западните земји за своите реформски напори и подготвеноста за компромис за косовскиот конфликт. Но борбата против коруцијата заостанува, а решението за Косово мирува.

https://p.dw.com/p/19S5E
Фотографија: picture-alliance/dpa

Српската влада на власт е една година. Во Брисел и Вашингтон таа доби многу пофалби. На големо најавуваната борба против корупцијата и реформите на правосудството треба да бидат наградени со почеток на пристапни преговори на земјата со ЕУ, на почетокот на 2014 година. Исто така и отстапките во однос на решавање на повеќедецениската криза на Косово позитивно изненадија и ја поттурнаа оваа балканска земја кон Брисел.

Меѓутоа реформските напори на владата на Ивица Дачиќ шкрипат на сите страни. Во однос на косовскиот конфликт српското малцинство има намера да ги бојкотира локалните избори планирани за 3. ноември. Тие се всушност сржта на европското посредништво, при што тие треба да се вклопат во Косово и за тоа да добијат широка самоуправа.

Treffen Ashton, Thaci und Dacic
Србија и Косово преговараа под покровителство на ЕУФотографија: European External Action Service

Владата во Белград е со месеци блокирана поради нејзината сопствена реконструкција. Министерствата за земјоделството, но и за образование, сообраќај, економија и финансии се „обезглавени“, односно без први луѓе. Претпримачите веќе се шегуваат дека тоа било предност, бидејќи стопанството тогаш немало да биде толку лошо организирано како досега. Политички најсилниот човек во државата, Александар Вучиќ, уште од февруари годинава најавува расветлување на 24 најголеми корупциски скандали во последните децении, но резултати има малку.

Напротив. На почетокот на август судот го отпушти од истражен затвор поранешниот шеф на Агробанка, Душан Антониќ. Тој се товари дека лично бил одговорен за проневера на 84 милиони евра. Неколку денови претходно беше ослободен и најбогатиот Србин, Мирослав Мишковиќ, за рекордна кауција од 12 милиони евра. Тој исто така е обвинет за криминални активности во голем стил. Почетокот на неговиот процес од мината недела беше одложен за два месеца, бидејќи адвокатите не дојдоа поради одморите. „Скандал“, беше насловот во весникот „Информер“.

Правосилната пресуда против српските предизвикувачи на нереди, кои во 2009 година во Белград до смрт го претепааа 29 годишниот Французин Брис Татон, фудбалски навивач, е повторно во диспозиција поради наводни нови сведоци. Во еден друг голем процес против националистички хулигани поради палење на џамијата во српскиот главен град во 2004 година, неодамна беше донесена ослободителна пресуда: „Џамијата се самозапали и Татон се самоуби“ беше резигинраниот наслов во српскиот весник „Блиц“.

Конечно апелациониот суд пред неколку денови ја укина пресудата против двајца тајни агенти кои беа вмешани во атентатот врз тогашниот водач на опозицијата, Вук Драшковиќ, во 2000 година во Будва во Црна Гора. Пресудата која беше донесена мината година, и со која беа осудени на седум односно осум години затвор, сега е укината и е наложен нов процес. „Со Србија и натаму владеат тајните служби“, реагираше сопругата на Драшковиќ, Даница.

Последната анализа за состојбата доаѓа од отпуштениот суперминистер за економија и финансии, Млаѓан Динкиќ. „Премиерот Ивица Дачиќ и натаму живее во 90-тите години“, изјави тој за белградски „НИН“: „Него воопшто не го интересираат модернизацијата и реформите на Србија, туку само власта сама по себе“. Социјалистите на Дачиќу натаму ги осиромашувале државните претпријатија за нивни интереси. Последица од тоа е: енергетскиот монополист „Србија гас“, фарамцевтската компанија „Галеника“ и осигурителната компанија„ Дунав„ сите се високо задолжени и пред банкрот.