1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реформи ќе се воведуваат, ама без брзање

25 септември 2009

Дека неодговорното работење на банките е одговорно за финансиската криза - тоа е познато. Земјите од Г20 во Питсбург се договорија што треба да сторат во иднина, но никој не се брза со воведувањето на новите правила.

https://p.dw.com/p/JogQ
Барак Обама и Ангела Меркел на самитот во ПитсбургФотографија: AP

Дваесетте најразвиени индустриски и земји во подем ќе работат на воведување нови правила за финансиските пазари, кои треба да почнат да важат најдоцна од крајот на 2012 година.

„Меѓународно договорените“ правила, што треба да придонесат да не се повтори криза слична на последната, ќе се воведуваат постепено, заедно со подобрувањето на условите во финансискиот сектор и стабилизрањето на економското опоравување, се вели во текстот.

Ограничување за банкарските премии

Во нацрт-резолуцијата од Питсбург понатаму се нагласува дека соработката меѓу најразвиените економии во светот е клучна за постигнување реформи во регулирањето на пазарите. Освен тоа, во предлог-резолуцијата, светските лидери се залагаат за ограничување на премиите во финансискиот сектор.

G20 Gipfel in Pittsburgh USA 2009
Освен политичките лидери, во Питсбург се собраа и демонстрантиФотографија: AP

„Ако дејствуваме заеднички, финансиските институции ќе имаат построги правила за преземање ризици, управување што ќе ја поврзува исплатата на премии само за долгорочни успеси и поголема транспарентност“, се вели во резолуцијата, што денеска треба да биде донесена од лидерите на Г20.

Тие препорачуваат премиите за банкарите да бидат ограничени до определен процент од нето-банкарските приходи и да бидат укинати, доколку се покаже дека одредена зделка не била успешна.

Г20 како постојан економски совет

Земјите од Г20 сметаат дека слабата контрола и непретпазливоста се главните причини што придонеле за економската криза. Тие наведуваат дека повисоките стандарди во работењето и избегнувањето на „преголеми ризици“ треба да бидат во центарот на реформите.

Групата дваесет најразвиени индустриски и земји во подем во иднина ќе ја преземе улогата на постојан совет за светска економска соработка. Иницијативата потекнува од американскиот претседател Барак Обама, кој се очекува денеска да ја претстави пред останатите учесници на Самитот во Питсбург.

Автор: Т.Т./С.Н./ројтерс/макфакс/миа

Редактор: Жана Ацеска