1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

130608 US-Wirtschaft Gesundheit

Карстен Шмистер19 јуни 2008

Економската криза во САД е причина за се поголемиот број на телесно и психички болни. Долговите, стравот од губењето на работното место, високите цени, се причина за новиот тренд. Лекарите алармираат.

https://p.dw.com/p/EMhL
Паѓањето на индексот ги зголемува болеститеФотографија: DW-Montage

„Емоционално, финансиски, ментално, беше како нервен слом“

Откако Синтија Робертс од Мичиген пред пет години ја загуби тогаш добро платената работа, за неа животот како да е завршен. 36 годишната самохрана мајка на четири деца со неколкуте лошо платени работи одвај успеваше да врзе крај со крај. Таа повеќе не можеше да го исплаќа кредитот за нејзината куќа. Сега е во долгови од 70.000 долари. Ваквиот товар за нејзе беше преголем, таа се разболе: „Добив еден апарат за мерење на крвниот притисок, морав да направам стрес-тест и потоа почнав со терапија. Тогаш целиот мој живот тргна надолу“

Дијагноза на лекарите: „рецесија-депресија“

Економската криза според лекарски податоци, влијае негативно врз здравствената состојба на се‘ поголем број американски државјани, вели Редфорд Вилијамс, психолог и доктор на реномираниот универзитет „Дјук“: „Нашите тела реагираат како секој аларм. Адреналинот се зголемува, крвниот притисок исто така, се намалува имунолошкиот систем. Стануваме болни, депримирани, полни со страв“

Болни се 10 милиони Американци

Новинската агенција Асошиејтед Прес деновиве пренесе информација дека во моментов десет милиони Американци страдаат од телесни или психички тегоби, или 14 проценти повеќе од пред пет години. Невработеноста, или стравот од губењето на работното место, екплозијата на трошоците за живот, кризата со бензините. Се` ова се фактори на стрес кои се одговорни за ваквиот негативен тренд.

19.02.2008 made in germany rezession
Фотографија: DW-TV

Типични последици - мигрена, стомачни болки, тешка депресија, чувство на страв, висок крвен притисок, поспаност. Лекарите веќе одамна правата паралела со економската криза од 20-те години на минатиот век. Тогаш медицината систематски истражуваше какво влијание имаат економските потреби врз телото на човекот. Резултатите ја отсликуваат актуелната ситуација, која може да биде полоша, доколку Америка се најде на еден долг процес на рецесија. Вилјамс предупредува: „Тогаш ќе бидеме изложени на серија стресни ситуации, ќе бидеме сведоци на тешки срцеви страдања и повеќе психички заболувања. Исто така и на самоубиства„

Вилијамс и неговите колеги на луѓето им препорачуваат повеќе спортување, поздрав режим на исхрана, одење во црква, како едни од начините за справување со негативните влијанија врз човековото тело и здравје.