1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Решавачка битка за Алепо

ЖА/дв/ртре/афп8 август 2012

Во битката за сириската метропола Алепо владините трупи почнале со долго најавуваната копнена офанзива. Бунтовниците се под силен притисок.

https://p.dw.com/p/15lmJ
Фотографија: Reuters

„Се повлекуваме, настрана од овде“, им довикнал еден бунтовник на новинарите на агенцијата Ројтерс среќавајќи ги во квартот Салахедин, кого досега бунтовниците можеа да го бранат од нападите на режимските трупи. Еден од целата мината недела контролираните пунктови на бунтовниците веќе го нема, јавуваат новинарите, поранешната линија на разграничување е маркирана само со едно знаме на опозицијата.

Напад со тенкови

Според агенцијата АФП, која се повикува на офицер од Слободната сириска армија, војската на Асад навлегува во градот со тенкови. АФП цитира и висок по ранг службеник на безбедносните сили со тврдењето дека армијата на сирискиот претседател Башар ал Асад напредува од запад кон исток, за да го подели квартот.

Syrien Aleppo Kämpfe
Фотографија: Reuters

„Нема да треба уште долго за да ја преземеме контролата врз квартот, и покрај останувањето на некои бунтовнички гнезда“, соопштил службеникот.

Досега овој дел од Алепо кој го контролираа бунтовниците, беше напаѓан главно од воздух и со артилерија. Во градот наспроти околу осум илјади бунтовници стојат над дваесет илјади сириски војници. Двете страни на „битката за Алепо“ и‘ даваат решавачко значење во поглед на натамошниот тек на граѓанската војна.

Се‘ поголем број бегалци

Поради ескалирачкото насилство во Сирија, се‘ поголем број луѓеја напушта татковината. Извештај на полудржавната новинска агенција Анадолу зборува за околу 2400 Сиријци кои ноќеска (07.08.2012) пребегале во Турција од Сирија. Меѓу бегалците биле и двајца генерали и двајца офицери. Досега вкупно во соседната Турција засолниште побарале околу 50 илјади Сиријци. Десетици илјади бегалци има и во Јордан, Ирак и во Либан.