1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Решение за името мора да има наскоро

Тони Гламчевски30 мај 2007

Холандскиот европратеник Ерик Мејер е назначен за известувач на Европскиот парламент за следење на обврските на Република Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Извештајот е предвидено да биде ставен на дневниот ред на Европскиот парламент на јулската пленарна сесија, при што се очекува и негово усвојување.

https://p.dw.com/p/Anxa
Европарламент
ЕвропарламентФотографија: AP

Господине Мејер вашиот предлог извештај за следењето на Република Македонија од страна на Европскиот парламент предизвика многу реакции во Скопје кај македонските парламентарци, дали очекувавте вакви реакции?

Немам добиено индивидуални реакции од членовите на Македонското собрание, имаше само неколку рекации од страна на владата и критики од весниците и другите медиуми од Македонија. Однапред видов каков вид на критики беа можни за извештајот. Разликата е во тоа што можев да изберам две позиции: првата позиција, поддршка на македонската влада или другата позиција – грчката и позицијата на противниците на проширувањето на Европската Унија. Јас избрав позиција која е во корист на Македонија – позицијата за нејзино влегување во Европската Унија, при што изразив и критики за постоечките проблеми.

Во вашиот извештај вие јасно велите дека местото на Македонија е во Европската Унија, но како предуслов за членството барате внатрешен договор. На каков договор мислевте , знаејќи дека постои веќе еден договор – Рамковниот од Охрид со кој се решени институционалните односи меѓу Албанците и Македонците. Мислите ли дека е потребен нов договор за да се напредува?

Не барам нов договор. Барам подобри решенија за рамноправност на различните групи во Република Македонија, а не ситуација на доминација на една група и неповолна позиција на другите групи. Во 2001 имаше еден проблем, положбата и правата на Албанците на северот и северо-западот од земјата. Охридскиот договор е едно решение за овие проблеми, но без консенсуз меѓу двете големи групи на населението и исто така на другите малцинства нема напредок во работата или таа се одвива со проблеми. Кога секој поддржува едно решение за сé, а другиот е парцијално отсутен, бидејќи една голема партија не учествува во парламентарната работа, тоа е проблематична ситуација.

Таа партија, самата избра да излезе од Парламентот, истото тоа веќе го направија во минатото и партиите кои сега се во владата, а тогаш беа во опозицијата.

Нормално, во една парламентарна демократија не е нормално да се напушти парламентот. Но, Македонија не е исклучок кога станува збор за ова. Ние тоа го имаме видено и во други случаи кога еден дел од населението не се чувствува во рамноправана положба. Сепак тоа не е ниту исклучително, но не е ниту нормално. Во ситуација кога една парламентарна демократија функционира нормално, напуштањето и бојкотирањето на парламентот е абнормално. Но од гледна точка на партијата, постои една ситуација која од нејзина гледна точка не е во согласност со Охрдискиот договор. Таа смета дека не влијае во “Бадинтеровиот систем”, не е вклучена во владата. Се разбира тие немаат автомастко право да бидат претставени во владата, но тоа се разликува многу со минатото. Мислам дека тоа е тешка ситуација. Кога зборувам со Али Ахмети или Теута Арифи тие велат дека ја загубиле позицијата и не можеле да продолжат без да се изнајде решение за овие проблеми во рамките на Охридскиот договор.

Во вашиот извештај вие предлагате Македонија да се инспирира од моделот на Белгија, Шпанија, Италија или Швајцарија, дали сметате дека таа треба да пренесе некој од овие модели или да создаде свој сопствен систем, знаејќи дека ситуацијата во наброените земји се разликува многу од таа во Македонија?

Не постои еден единствен систем за решение на проблемите во едно повеќејазично општество, во кое живеат различни народи обединети во една иста држава. Системот на Белгија, Швајцарија, германското малцинство во Италија, каталанското и галициското малцинство во Шпанија, тука не го нагласив шведското малцинство во Финска, сите тие измислија различен модел.

Не можам да одлучам за Македонија како да таа изнајдесвој модел. Но сите овие земји, Шпанија, Белгија, Финска, Швајцарија и Италија ја имаат како заедничка рамноправноста на сите групи. Нема доминација на една група врз другите.

Имам доверба во македонската влада, па и самата влада вели: “Ние не сме држава само на Македонскиот народ, ние сме држава на сите народи кои живеат на нашата територија.” Сметам дека е важно да се има таква позиција. Секоја друга позиција е дискриминаторска и неправедна. На тој начин размислува и самата влада.

Тоа е запишано и во Уставот на Република Македонија. Вие Господине Мејер сигурно веќе имате слушнато кога бевте во Македонија, во Брисел или овде во Стразбур, дека тоа што го барате од Република Македонија за правата на малцинствата, зошто Европската Унија не го бара истото од своите земји членки, како на пример од соседите на Македонија, Бугарија и Грција, каде има македонско малцинство кое нема право слободно да ја изрази својата припадност и сигурно сте запознати со проблемите на македонското малцинство во овие две земји?

Вистина е тоа. Знаете дека тоа не е во традиција во Европската Унија. Тука е искуството на повеќе земји членки кои успеале да најадат решение за големите проблеми кои ги имале во минатото. Можам да ја наведам како пример Франција каде не постои систем за луѓето кои на истокот зборуваат јазик близок на геманскиот, на северот каде има луѓе кои зборуваат јазик на близок со холандскиот на југото каталанската група.

Вистина е исто така дека Европската Унија е многу покритична за новите земји членки и земјите кандидати. Тоа е точно, но тоа не е исклучителна позиција за Македонија. Во преговорите со Хрватска наш став дека без решение за положбата на српското малцинство, кое зборуваат скоро ист јазик со мали разлики. Без решение за српското, италијанското и унгарското малцинство, нема да има влегување на Хрватска во Европската Унија. Исти се условите и за Македонија.

Што со случајот на Грција и Бугарија?

Пожелно е да има решение, специјално во Грција каде постои традиција на “грцизација” на сите народи од Северот на Грција, како на пример за Македонците. Таа не прифати да има една историска територија со словенски, македонски и бугарски традиции, делумно и албански, потоа турското влијание, еврејско-шпанскиот јазик во Солун. Тоа не е решение.

Мислам дека Грција денес не е многу чувствителна во барањето на решение за овие проблеми. Постои грчката традиција во која Грција се гледа само како земја на Грците. Сите други кои живеат во таа земја мораат да го користат грчкиот јазик без исклучоци, менување на нивните презмиња итн.

Јас не сум многу оптимист за развојот на ситуацијата во Грција. Грција секогаш ни вели дека има Грци кои живееа на територијата на Република Македонија, тие ја напуштија Македонија за да живеат во Грција бидејќи не можеле да опстанат на територијата на Република Македонија.

Има многу Македонци со потекло од Грција, кои ја напуштија Грција по втората светска војна...

Да, јас тоа го знам. Нема потреба да бидам убеден за ова. Вистина е дека Европската Унија бара повеќе од новите земји членки и земјите кандидати за членство. Старите земји членки се наоѓаат во поповолна ситуација. Некои од старите земји членки, самите развија решенија за проблемите на малцинствата. Другите одбија и нема еден систем во Европската Унија за да се побара од старите земји членки да имаат исти стандарди по ова прашање како ни новите земји членки. Вистина е.

Во вашиот извештај Вие инсистирате многу на проблемот со името на Република Македонија, одсносите со Грција и идното членство во Европската Унија. Вие утврдувате и датум, крајот на 2007 за да се реши проблемот со името.Дали сте вие толку многу оптимист или само вршите притисок врз двете страни?

Не сум многу оптимист. Во текот на изминативе петанесет години не беше најдено решение. Но без решение меѓу двете земји ќе постои проблем кој може да го забави приемот на Македонија во Европската Унија. Видов дека постојат различни позиции.

Позицијата на Македонија е дека Грција може да користи едно друго име за нас во билатерлните односи, но на меѓународно ниво бараме да бидеме признати под уставото име.

Грција вели дека сега е умерена во споредба со ситуацијата од пред петнаесет години. Ние го прифаќаме името Македонија, но нашите северни соседи не се единствената Македонија, тоа е само северот од Македонија. При што тие предлагаат различни имиња: “Вардарска Македонија”, “Скопје-Македонија” или “Горна Македонија”, но не само Македонија. Грците бараат додавање на таков елемент во името на својот северен сосед.Но не мислам дека јавното мислење во Македонија ќе прифати една таква промена. Но едно решение меѓу двете земји е потребно за да се избегне забавување или други компликации во процесот на интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Грците се среќни да го интегрираат нивниот севрен сосед во Европската Унија, но не се среќни да прифатат едно име, во кое гледаат како на составен елемент на нивната земја.

Ако на почетокот на незвисноста на Македонија, Грција стравуваше од евентуалните територијални претензии на малата Македонија, последниве петнаесет години Македонија потврди дека нема такви претензии. Ако направи грешка со изборот на знаемето, таа го смени знамето и Уставот во кој јасно стои дека нема територијални претензии кон соседите. Македонците велат дека тие се оние кои направиле отстапки, а не Грција која го подигна само ембаргото.

Давањето на името "Александар Велики" на аеродромот Скопје-Петровец во очите на Грците претставува провокација. Постои аеродром на грчка територија во Кавала со исто име “Мегас Александрос”. Тоа само придонесе кај грчка страна да нема доверба дека кај соседот не постојат територијални претензии. Не сум среќен со изборот на новото име на аеродромот. Тоа е повторување на ситуацијата со знамето и другите симболи.

За вашиот извештај Господине Мејер ќе се расправа наскоро, дали ќе претрпи измени.

Мислам дека ќе има измени. Поднесени се 156 амандмани само во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, на пример има грчки амандмани околу конфликтот за името, сигурно дека ќе има реформулација на деталите, но главната линија на извештајот ќе биде прифатена.

Што мислите кога Македонија ќе ги започне преговорите за членство, односно ќе стане членка на Европската Унија?

Тоа е голем проблем. јас предложив донесување на одлука во 2007 и почеток на преговорите во 2008, но има амандмани кои бараат тоа да се наоправи само по постигнатиот напредок. Тоа може да значи членство дури во 2015 или во 2020 во зависност од позицијата. Се бара колку што е можно побрзо да се започне, но не постои оптимизам за отпочнување на преговорите. Не сум сигурен за конечниот резултат при гласањето предвидено за на пленарната седница на Парламентот во јули, овде во Стразбур, но мислам дека нашата препорака ќе биде за 2007 или 2008 година.