1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рибак поднесе оставка, Јанукович замина од Киев

ЕМФ/афп/ртр22 февруари 2014

Јанукович го напушти Киев. Претседателот на парламентот Рибак поднесе оставка поради здравствени причини, соопшти неговиот заменик Руслан Кошулински. Опозицијата наводно го има под контрола владиниот кварт во Киев.

https://p.dw.com/p/1BDin
Фотографија: Reuters

Првиот човек на украинската Рада (парламентот) Владимир Рибак, според медиумски извештаи, од вчеравечер се наоѓа во Харков, во источниот дел на Украина, заедно со претседателот на државата Виктор Јанукович. Харков важи за упориште на приврзаниците на Јанукович. Во меѓувреме, повеќемина пратеници од Партијата на регионите на Јанукович најавија дека ќе ја напуштат од протест поради употребата на насилство против демонстрантите.

Опозицијата, според сопствени наводи, го има под контрола владиниот кварт во Киев. Таа и натаму врши притисок за оставка на Јанукович. Портпарол на Виталиј Кличко, еден од опозиционите лидери, денеска (22.02) соопшти дека парламентот треба да донесе резолуција во која ќе се бара повлекување на Јанукович. Кличко прво ги извести демонстрантите на плоштадот на независноста Мајдан дека сака да бара поддршка од парламентот за отстранување на Јанукович од власт, а потоа тоа и го стори, барајќи од пратениците одржување предвремени претседателски избори до 25 мај.

Ukraine Krise Platz der Unabhänhigkeit 22.02.2014
На Мајдан утринава е мирноФотографија: Louisa Gouliamaki/AFP/Getty Images

Кличко и двајца други лидери на опозицијата вчера заедно со Јанукович и тројката европски министри во Киев потпиша договор со кој треба да се стави крај на насилството во земјата. Меѓу другото, договорот предвидува враќање на стариот устав од 2004 година, за што парламентот во Киев веќе даде согласност со големо мнозинство, формирање преодна влада со министри на опозицијата во рок од 10 дена, уставна реформа до септември и предвремени претседателски избори најдоцна во декември.