1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рикер во Тирана: Национализмот е дестабилизирачки

АТ/ макфакс/миа22 февруари 2013

Заменик помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер јасно стави до знаење дека пораката на негoвата посета на Тирана е да се стопираат националистичките тонови.

https://p.dw.com/p/17jn0
Фотографија: MIA

Американскиот заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер (на фотографијата горе - архива) кој е во посета на Тирана, изјави дека САД имаат цврсти односи со Албанија, Македонија, Косово, Србија и другите земји од регионот.

Тој во интервју за албанската ТВ станица „Top canel“ оцени дека сите овие земји со спроведените реформи ќе создадат подобар стандард за своите жители.

„Кога слушаме националистичка реторика ние се вознемируваме и реагираме за да национализмот го оставиме настрана и заедно да го надминеме национализмот. Овој наш став е ист како за политичарите во Албанија така и за сите други“, рече Рикер.

Според него, национализмот е непродуктивен и тој фактички има тенденции на дестабилизација на регионот.

Рикер подвлече дека Албанија треба да се фокусира на исполнувањето на препораките на ЕУ за да добие кандидатски статус.Зборувајќи за парламентарните избори кои во оваа земја ќе се спроведат на 23 јуни Рикер рече дека овие избори се многу значајни за иднината на земјата. „Овие избори се значајни за Брисел, ќе го дадат тонот на следните сто години на Албанија. Не е битно кој ќе победи, битно е тие да бидат демократски“, изјави Рикер.

Посетата на Рикер на Албанија доаѓа само неколку дена по писмото што САД го упати до официјална Тирана во кое на Албанија и се укажува да престане со користењето на националистичката реторика. Во фокусот на разговорите на високиот американски функционер со лидерите на албанската политика ќе бидат последните случувања во земјата, како и парламентарните избори закажани за 23 јуни годинава.