1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рим и Париз во конфликт поради Аквариус

СН/ агенции
13 јуни 2018

Во спорот околу бродот со бегалци Аквариус, италијанската влада остро возвраќа на критиките од Франција. Неповолен развој спроти самитот на ЕУ за политиката за азил за неполни две недели.

https://p.dw.com/p/2zRKM
Französisches Schiff Aquarius im Mittelmeer
Фотографија: picture-alliance/AP Images/S. Cavalli

Италијанското Министерство за надворешни работи го повика денеска на разговор францускиот амбасадор, откако Париз остро го критикуваше одбивањето на Рим да прими над 600 мигранти од спасувачкиот брод „Аквариус“ во Средоземното море.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја осуди одлуката на Рим да не го прими бродот, наведувајќи дека Италија, според меѓународното право, требалo да ги прифати мигрантите и оти нејзините постапки во случајот биле цинични и неодговорни. Од канцеларијата на Макрон вчера е соопштено оти Франција не сака да се направи преседан со кој би им се дозволило на некои европски земји да го кршат меѓународното право и да се потпираат на другите членки од ЕУ да ги прифатат мигрантите.

Повеќе:

-Патешествието ги води бегалците од Аквариус во Шпанија

-ЕУ има потреба од поморска спасувачка служба

-Италија: помош околу бегалците или вето на буџетот на ЕУ

Rettung von Flüchtlingen - Flüchtlingsschiff "Aquarius
Фотографија: picture-alliance/dpa/MSF/SOS Mediterranee/K. Karpov

Рим реагираше исклучително луто на овие изјави, истакнувајќи дека не му требаат „лицемерни лекции“ од земји како Франција

Во соопштението од италијанаското Министерство за надворешни работи се наведува дека амбасадорот Кристијан Масет е повикан да дојде денеска предпладне во министерството „по изјавата за (бродот) Аквариус вчера во Париз“.

Бродот Аквариус за спасување на мигранти во Средоземното море од саботата е заробен во меѓународните води, откако Италија и Малта одбија да му дадат дозвола да влезе во нивните територијални води. Мигрантите сега со Аквариус и два други брода се упатија до Шпанија која им понуди понуди прибежиште.

Бродот целосно го распламти спорот меѓу членките на ЕУ неполни две недели пред самитот на Унијата, на кој централна тема треба да биде политиката кон бегалците.