1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рим и светот го слават папата

АТ/ дпа19 март 2013

Аргентинскиот кардинал Берголио официјално стана папа Франциско денеска во Ватикан во присуство на десетици илјади аџии и туристи и голем број светски државници.

https://p.dw.com/p/1805L
Фотографија: Reuters

Папата Франциско денеска (19.03) на плоштадот Свети Петар во Ватикан при свечен ритуал го доби папскиот прстен и палиумот. 76 годишниот Аргентинец е 266 папа и е наследник на Бенедикт Шеснаесетти, кој се повлече од Светата столица.

Позлатениот сребрен прстен на папата Франциско му го предаде кардиналот Анџело Содано, додека волнениот шал (палиумот) го доби од протоѓаконот Жан Луи Туран. Палиумот веќе го носеше Бенедикт. Предавањето на симоболите на моќта на новиот папа претставува почеток на неговиот понтификат. Во име на сите кардинали, шестмина на папата Франциско свечено му ветија послушност.

Франциско во својата молитва изјави дека негова задача било, „со љубов и нежност да го прифати целото човештво, особено сиромашните, слабите и најмалите“. Со оглед на тоа што многу патишта биле покриени со сиво небо сите биле повикани „да дозволат да свети ѕвездата на надежта: да го заштитиме со љубов она што Бог ни го подари“. Секое дело на Господ исто така и животната средина мора да бидат почитувани, подвлече папата.

Papst Franziskus Amtseinführung
Фотографија: Reuters

„Да не дозволиме знаци на уништување и смрт да го придружуваат нашиот пат“, порача папата Франциско пред насобраната толпа на плоштадот Свети Петар. За жал во секоја епоха има луѓе како Херодес „кои коваат планови на смртта и го уништуваат лицето на луѓето“. Омразата, љубомора и гордоста го валкаат животот.

Папата претходно мина низ толпата верници на плоштатот со џип, каде според информации од Ватикан се собраа меѓу 150.000 до 200.000 луѓе.

На свечената церемонија во Рим присуствуваа и голем број претседатели на држави, премиери и вискои претставници на кралските куќи и други цркви. Папата Франциско беше избран пред шест денови како наслединик на папата Бенедикт Шеснаесетти, кој се повлече поради старост.