1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

010310 Kunst Recycling

1 март 2010

Секој Германец годишно продуцира по половина тон отпадоци. Тоа е вкупно над 37.000 тони ѓубре. Отпадоците потоа исчезнуваат во депониите и постројките за горење. На улиците во „третиот свет“рециклирањето изгледа поинаку.

https://p.dw.com/p/MEq6
Фотографија: o.k.-design

Во земјите од третиот свет сиромашните го собираат ѓубрето и го употребуваат натаму. Продуктите што притоа настануваат се делумно толку многу креативни што во Европа станале култни објекти и се подразбираат како нов вид дизајн.

Мартина Ценкер покажува на корпите полни со ангели направени од лименки од спреј против лебарки, со шарени кокошки и свињи изработени од пластични кеси, со алки направени од телефонски кабли. Она што се трупа во магацинот на нејзината фирма „Мамаафрика“ во Диселдорф, до пред неколку недели било натрупано на маргините на улиците во предградијата на Кејптаун и Јоханесбург, во сенегалски Дакар или Анатанариво во Мадагаскар. Уметноста одамна не се продава на лице место, туку се увезува во Европа. Малите уметнички предмети произведени од отпадоци кои потекнуваат од третиот свет, со задоволство се ставаат како украс во домот. Зашто „Рисајклинг дизајнот“ е модерен:

Recycling Design Flash-Galerie
Фотографија: Mamaafrika

„Мамаафрика“, во меѓувреме, извезува продукти во 140 земји. Мартина Цендек ја основала фирмата пред девет години и на почетокот таа била мало онлајн-претпријатие за африкански производи со цел - фер трговија, сон што го имала уште од 1994 година, кога две години со сопругот патувала низ Африка. Уште тогаш дипломираниот архитект гледала прозводи што може да се рециклираат. Се сеќава дека децата си правеле играчки од отпадоци - мали автомобили од лим, слични на оние што таа сега ги продава во нејзината фирма.

Едноставност на идејата

Во келнското „О.К.“ претпријатие има кофички за цвеќе изработени од лименки за домати, вазни од хартија и корпи за купување од грла од шишиња. За разлика од „Мамаафрика“, покрај рециклирани објекти од Африка, овде има и предмети од Латинска Америка, Азија и Источна Европа.

Recycling Design Flash-Galerie
Фотографија: DW

На сопственикот Лукас Плум му се допаѓа се‘ што е употребливо во секојдневието. На рециклираните производи му се допаѓа пред се‘ едноставноста на идејата: „Значи, за кофичка за полевање цвеќиња, потребна е една лименка на која се додава цилиндар и кофичката е готова. Формата не е производ на размислувањето, туку е добиена од веќе постоечки форми.“

Recycling Design Flash-Galerie
Фотографија: DW

Затоа, уметникот Плум смета дека зборот дизајн не одговара, иако во меѓувреме е веќе етаблиран. Веќе 4 години во градот Херфорд во покраината Северна Рајна Вестфалија се доделува меѓународна „Рисајклинг дизајн“- награда. Рециклираните производи се шик. Тие имаат живот токму поради тоа што еднаш веќе имале поинаква употреба. Во меѓувреме, дел од продуктите се толку барани што мора да бидат дополнително произведувани.

Автор: Сара Јудит Хофман/Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска

Редактор: Александра Трајковска