1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Рита„ се приближува кон брегот на САД

24 септември 2005

Ураганот Рита кој со јачина од 200 километри се приближува кон САД за неколку часови се очекува да пристигне на брегот помеѓу Тексас и Луизијана.

https://p.dw.com/p/AcCU
Њу Орлеанс
Њу ОрлеансФотографија: AP

Како што соопштија метеоролошките служби Рита загуби на јачина и од 5 та падна на трета категорија според сафир симсоновата скала. Валстите стравуваат од поплави како резултат на брановите кои можат да достигнат пет метри. Во меѓувреме делови од градот Њу Орлеанс, кој претрпе најголеми штети од ураганот Катрина, повторно се поплавени. Населението од загрозениот регион се евакуира. Во текот на вчерашниот ден беа блокирани речиси сите патишта во околината на Хјустон во Тексас. Бегството пред налетот на Рита заврши кобно за 24 постари лица кои изгореа во еден автобус кој се запали во близина на градот Далас.