1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Рита„ удри на брегот на САД

24 септември 2005

Ураганот Рита предмалку со јачина од 200 километри на час удри на брегот на САД некаде на границата помеѓу Тексас и Луизијана

https://p.dw.com/p/AcCT
Фотографија: AP

Властите стравуваат од поплави како резултат на брановите кои можат да достигнат пет метри. Според прогнозите прв на удар ќе биде регионот во кој се наоѓаат повеќе нафтени рафинерии. Производството на нафта во мексиканскиот залив речиси целосно е запрена, исто како и производстото на гас.

Гувернерот на Луизијана Кетлин Бланко ги повика жителите кои не се евакуирале да се засолнат на што е можно посигурна локација

„ Јас сум благодарна на сите луѓе кои се евакуираа пред налетот на Рита. Но знам дека има и такви кои тоа не го сторија. Доколку не сте евакуирани милсма дека е најверојатно доцна за тиоа да го сторите бидејќи временските услови се лоши. Морате да најдете безбедно место. Повикајте ги локалните власти диоколку ви е потребна помош„

Директорот на центарот за помош од катастрофи Давид Полисон им порача на жителите на Тексас и Луизијана дека федералните владти ќе останат на терен се додека не заврши невремето

„ Знам колку ќе биде тешко по бурата. Ќе бидат потребни неколку денови пред првите лица да се вратат во регионот. Затоа ве молам, останете каде се наоѓате, на безбедна локација и не се враќајте во домовите се додека властите не ви соопштат тоа да го сторите„

Во меѓувреме делови од градот Њу Орлеанс, кој претрпе најголеми штети од ураганот Катрина, повторно се поплавени. Населението од загрозениот регион се евакуира. Во текот на вчерашниот ден беа блокирани речиси сите патишта во околината на Хјустон во Тексас. Бегството пред налетот на Рита заврши кобно за 24 постари лица кои изгореа во еден автобус кој се запали во близина на градот Далас.