1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Робен, херој на баварците

22 април 2010

Екипата на Бајерн Минхен е на чекор до пласман во финалето на фудбалската Лига на шампионите по победата над францускиот Лион со 1 спрема 0.

https://p.dw.com/p/N35w
Арјен РобенФотографија: AP

Бајерн го оствари посакуваниот резултат против Лион на првиот меч во Минхен. Победа без примен гол беше она што го бараше тренерот Луис Ван Хал, а играчите го остварија, и покрај исклучувањето на Франк Рибери уште во 37-та минута од мечот.

Пред 66 илјади гледачи на Алијанц Арената, натпреварот повторно го реши Холанѓанецот Арјен Робен. Со одличен удар од 20-ина метри и малку среќа, Робен го постигна погодокот кој го отвора патот кон финалето, за првпат по пауза од девет години. „На почетокот беше многу тешко. Противникот беше агресивен и компактен. Потоа дојде и црвениот картон за Рибери и беше уште потешко. На полувремето се договоривме дека ќе биде добар резултат ако сочуваме 0:0. Но потоа и Французите заработија црвен картон, ние заигравме подобро, создадовме многу шанси и бевме подобар тим“, изјави Робен по мечот.

Задоволен беше и тренерот Ван Хал.„Задоволен сум со 1:0. И пред мечот кажав дека и 0:0 и 1:0 се многу добри резултати. Затоа игравме без голем ризик. Мислам дека одигравме добро“.

Champions League FC Bayern gegen Olympique Lyon Flash-Galerie
Поволен резултат за Бајерн МинхенФотографија: AP

Реваншот е веќе во вторник во Лион. Бајерн ќе игра без Рибери, но во тимот се враќа капитенот Марк Ван Бомел. Во второто полуфинале в среда играат Барселона и Интер. Во првиот меч Италијанците беа поуспешни со 3:1.

Вечерва на програмата се двата полуфинални дуели во Европа лигата. Хамбургер е домаќин на англискиот Фулам, а во Мадрид играат Атлетико и Ливерпул.

Автор: Кале Копс/Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска