1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Розберг на полпозицијата на кинеското Гран При

Александар Методијев /ап/ројтерс14 април 2012

Возачот на Мерцедес Нико Розберг ја освои првата полпозиција во својата кариера денеска (14.04.) на квалификациите за кинеското Гран При. „Одлично е чувството. Фантастично“, рече Розберг.

https://p.dw.com/p/14dvT
Фотографија: dapd

„За целиот тим ова е посебен момент“, рече Розберг, кој е син на финскиот шампион од 1982-ра година Кеке. До полпозицијата дојде од единаесетиот обид.

Возачот на Мекларен Луис Хамилтон се квалификуваше на втората позиција, но на утрешната трка ќе стартува од седмата позиција поради казната од пет места поради замената на менувачот.

Михаел Шумахер заврши на третото место, но на кинеското Гран При ќе стартува зад својот колега од Мерцедес, токму поради казната за Хамилтон.

Но, најголемо изненадување на квалификацијата беше отсуството на светскиот шампион Себастијан Фетел од првите десет позиции. Местото меѓу првите најдобри на утрешниот старт го загуби за пет стотинки и поради тоа ќе стартува од 11-та позиција.

Утрешната трка ќе биде тест за тимот од Мерцедес, бидејќи тој работеше на отстранување на проблемите со брзото абење на гумите.