1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Романија попушта под притисокот на ЕУ

СН/миа18 јули 2012

Откако ЕУ навести дека во извештајот за напредокот на Романија, кој треба да биде објавен денеска, ќе упати критики за недостастоци во функционирањето на правната држава, романскиот премиер Понта итно реагираше.

https://p.dw.com/p/15ZMI
Фотографија: reuters

Романската влада очигледно попушта под притисокот на Европската Комисија. Премиерот Виктор Понта упатил писмено ветување дека ќе ги исполни барањата на претседателот на Еврокомисијата Жозе Мануел Барозо за укинување на два декрети кои, меѓу другото, ги намалуваат правата и овластувањата на Уставниот суд на Романија, соопштено е во Брисел. Во заднината на декретите е борбата за моќ меѓу Понта и шефот на државата Трајан Басеску. Романскиот премиер со краткорочни промени на законите се обидува да го истера Басеску од Фунцијата и спроведува процедура за отповикување од власт на претседателот Басеску.

Социјално-либералната влада на Романија го обвинува Басеску дека тој противправно си присвоил компетенции кои и’ припаѓаат на владата.

Европската Комисија најави дека соодветно ќе го актуелизира т.н извештај за напредокот на Романија во европската интеграција. Во првобитната верзија на извештајот која ја најави Комисијата беа истакнати сомнежи дека владата во Букурешт се придржува кон правилата на правната држава и ја почитува независноста на судството.

Комисијата двапати во годината објавува такви извештаи за Романија и Бугарија. Во нив се документира реформата на правосудството и администрацијата кои во овие две земји за време на приемот во Европската Унија во 2007. година не беа на европско ниво.