1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Роналдо игра против Македонија

АМ/макфакс26 мај 2012

Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе одигра контролен натпревар со една од најсилните светски селекции - Португалија, која на теренот ја предводи еден од најдобрите играчи на денешницата - Кристијано Роналдо.

https://p.dw.com/p/152sM
Фотографија: picture-alliance/dpa

Мечот со официјално петтата светска фудбалска сила ќе биде добра можност избраниците на селекторот Џон Тошак да го поправат впечатокот за февруарскиот болен и срамен пораз од Луксембург.

Велшанецот на клупата на македонската репрезентација за овој, и следниот меч со Ангола, реши да внесе некои промени во тимот, со што значително ја подмлади селекцијата. Во екипата се повикани шестмина играчи од селекцијата до 21 година.

Можно е Тошак на оваа средба да ја испроба и тактичката варијанта, која добро функционираше во времето на Среќко Катанец, со тројца играчи во последната линија, петмина во редот за врска и двајца напаѓачи.

Мечот со Македонија е првиот од двeте проверки, кој Португалците ќе ги имаат

пред да заминат на Еуро 2012 во Полска и Украина. Она што португалските медиуми го најавуваат е дека нивната најголема звезда, Кристијано Роналдо, мечот ќе го започне од клупата за резерви, а шанса за игра од селекторот Паоло Бенто ќе добие во второто полувреме.

Натпреварот во Леирија ќе започне во 18:15 минути. По мечот „црвено-жолтите“ ќе се преселат во Есторил каде а 29. мај ќе одиграат пријателски меч со Ангола.