1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Роналдо на „контролка“ кај Пандев пред ЕП

23 февруари 2012

Фудбалските репрезентации на Македонија и Португалија ќе одиграат пријателски меч на 26 мај, во пресрет на почетокот на Европското првенство.

https://p.dw.com/p/148H2
Кристијано РоналдоФотографија: picture alliance/dpa

Македонската фудбалска репрезентација, на 26. мај, ќе одигра пријателски натпревар против една од најсилните светски репрезентации, Португалија.

Дуелот, кој за официјално шестата репрезентација, според ФИФА ранкингот, ќе биде последна проверка пред почетокот на Европското првенство, ќе се одигра во Лисабон. Португалија на Еуро 2012 во Полска и Украина се наоѓа во група со Холандија, Германија и Данска.

Контролниот меч со една силна репрезентација, чиј предводник на теренот е еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо, е она што го бараше селекторот на Македонија, Џон Тошак, дуел со репрезентација од светскиот врв, кој ќе ја даде вистинската слика за оваа генерација македонски фудбалери и што од нив може да се очекува во претстојниот квалификациски циклус за пласман на Светското првенство во Бразил.

Македонија во минатото се има сретнато со Португалија, во Женева на 2. април 2003 година, исто така во пријателски меч, Португалците победија со 1:0, со голот на легендарниот Луис Фиго.

Македонската фудбалска репрезентација серијата на контролни средби пред почетокот на квалификациите ќе ја започне на 29. февруари, кога ќе гостува во Луксембург.

Автор: БГ/ миа

Редактор: А.Трајковска