1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија бара полноправно членство во Г-7

9 февруари 2007

Неспоредно пред почетокот на средбата на министрите за финансии на седумте водечки индустриски земји, Русија побара полноправно членство во Групата 7. Како поткрепа на тоа рускиот министер за финансии Алексеј Кудрин укажа на написот во германскиот весник „Ди велт„ кој пишува за високото темпо на растеж на руската економија.

https://p.dw.com/p/AeJT

Средбата на министрите за финансии на седумте развиени ќе се одржи во текот на претстојниот викенд во Есен. Поканети се и нивните ресорни колеги од Русија, Кина, Индија, Јужна Африка, Бразил и Мексико. Германскиот министер Пер Штајнбрик како домаќин, на дневниот ред на средбата сосема на врвот го постави барањето контролни механизми за ограничување на таканаречените Хеџ-фондови и ризиците што произлегуваат од нив. Сојузната влада подолго време бара поголема транспарентност на главно неконтролираните фондови кои во потрага по што повисока рента на финансиксите пазари настапуваат со многу висок ризик. Најголемиот број од нив седишта имаат во САД и Велика Британија, а за нивните ризични шпекулации, според проценките, имаат на располагање илјада и 400 милијарди долари од приватни или институционални вложувачи. Преку банковни кредити оваа сума се зголемува за 4 пати. Германскиот државен секретар во министерството за финансии Томас Миров објаснува:

„Тоа е тема што мора да се третира на меѓународно ниво. Најголемиот број хеџ-фондови работат интернационално, скоро воопшто немаат седиште во Европа и без учество на Американците таквата тема не би имала никаква смисла„.

Инаку, други теми на дводневната средба во Есен ќе бидат, слабоста на јапонскиот јен кон еврото и доларот, реформата на Меѓународниот монетарен фонд и засилувањето на инвестициите во Африка.