1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија ги доживува најголемите протести во ерата на Путин

10 декември 2011

Десетици илјади Руси денеска (10.12) се собраа во Москва на протести против изборите одржани минатиот викенд. Тие ја обвинуваат власта за изборна измама и фалсификат.

https://p.dw.com/p/13QSH
Фотографија: dapd

Немирни времиња за рускиот премиер Владимир Путин - по изборите за Думата, одржани на 4 декември, се зголемува протестот против неговото владеење. Десетици илјкади луѓе во Москва протестираат против изборна измама и фалсификат. Плоштадот Болотнаја е преполн, јави агенцијата ДПА, која наведува бројка од 100 илјади учесници на демонстрациите. Полицијата, пак, оценува дека се собрани околу 25.000 луѓе. На температури под нулата, стари и млади демонстрираат мирно, а критичарот на владата и поранешен премиер Михаил Касјанов, вели: „Ако денес овде сме 100.000 луѓе, утре ќе бидеме еден милион!“ На плакатите на демонстрантите се бара оставка на Путин, ослободување на политичките затвореници и нови избори. Со огромен аплауз собраните демонстранти ја поздравија резолуцијата со барање за нови избори. Владата има две недели за исполнување на барањата, меѓу кои е и она за нов изборен закон, соопштува интернет порталот kasparov.ru. 

Proteste Demonstrationen in Russland Wahlbetrug Wahlen
Фотографија: dapd

Руската опозиција е мешавина од политички и социјални движења, меѓу кои и екстремна левица, либерали и здруженија за човекови права. Противниците на власта демонстрираат и во други руски градови, како Санкт Петерсбург, Новосбирск, Архангелск ,Омск и Краснојарск. Протестите се обезбедувани од десетици илјади полицајци. Само во Москва се ангажирани 50.000 припадници на безбедносните сили. Тие, меѓу другото, го затворија Црвениот плоштад и други симболични места. Блокирано и седиштето на руската тајна служба - ФСБ, што се наоѓа на плоштадот Лубјанка.

Американската влада, пред денешните протести, апелираше до двете страни да не применуваат насилство. Вашингтон очекува демонстрантите да се однесуваат мирно, изјави портпаролот на министерството за надворешни работи Викторија Њуланд. Рускиот претседател Владимир Путин пред два дена ги обвини САД дека ги поттикнуваат протестите против парламентарните избори.

Автор: Елизабета Милошевска Фиданоска /ртр/дпа/шпигел

Редактор: Борис Георгиевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема