1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија: Гринпис обвинета за пиратство

ЖА/ард/дпа/афп24 септември 2013

Руските власти обвинија активисти на Гринпис за пиратство по нивна протестна акција во Северното Поларно Море. Посадата на „Акртик санрајс“ сакаше да упадне на нафтена платформа. Бродот принудно е закотвен во Мурманск.

https://p.dw.com/p/19nsJ
Фотографија: picture-alliance/dpa

Акцијата на Руската федерална служба за безбедност, ФСБ, надлежна за заштита на границите на крајбрежјето, била достојна на холивудски филм. Вооружените офицери се спуштиле со сајли од хеликоптер и ја презеле контролата врз бродот на Гринпис, „Арктички залез на сонцето“, кој се наоѓал во близина на нафтената платформа на енергетскиот гигант-концернот Газпром пред северниот брег на Русија, велат од Гринпис.

Активистите морале да останат на бродот

Кога точно се случила акцијата, не е познато, зашто контактот со надворешниот свет на 30-те активисти на организацијата за заштита на животната средина е прекинат. Очигледно капетанот не се согласувал да го управува бродот, па ФСБ решила принудно да го одвлече кон Мурманск.

По четири дена, бродот е во пристаништето, каде претставник на Државното обвинителство го соопшти обвинувањето против посадата: пиратство, за што се заканува казна затвор до 15 години. Додека обвинувањата не се расветлат, посадата мора да остане на бродот.

Greenpeace Schiff wird nach Murmansk gezogen
Бродот на Гринпис принудно одвлечен во Мурманск.Фотографија: picture-alliance/dpa

Гринпис ова го смета за апсурдно и бара итно ослободување на посадата. Според организацијата, нелегално е и одвлекувањето на бродот, кој се наоѓал во меѓународни води. По акцијата на граничната полиција до Русија се доставени бројни протести од дипломатски претставништва од цел свет. Гринпис на интернет без прекин објавува пораки со поддршка од цел свет за 30-те активисти.

Со недели во Северното Поларно Море

„Артик санрајс“ повеќе недели се наоѓаше во Северното Поларно Море, каде Гринпис протестираше против планираната експлоатација на нафта во Арктикот. Истекување на нафта, според еколошката организација, би имало катастрофални последици за чувствителниот еколошки систем на Арктикот, кој поради ниските температири екстремно бавно би се опоравувал.

Вооружените руски граничари претходно веќе беа на бродот „Арктик санрајс“, принудувајќи го капетанот да го насочи бродот наназад. Но, тој повторно се врати, а повеќе активисти на Гринпис се обидоа да се искачат на руската нафтена платформа „Приразломнаја“, при што двајца беа уапсени. Кратко потоа ФСБ го зароби бродот.

Руските власти се повикуваат на меѓународното поморско право, според кое е збранет пристап на нафтените платформи или пловење во нивна близина.