1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија-ЕУ

25 март 2007
https://p.dw.com/p/AgKr

Рускиот претседател Владимир Путин на прославата на 50 годишниот роденден на ЕУ повика на нов договор за партнерство меѓу Русија и ЕУ. Во денешното издание на весникот “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“, Путин пишува дека Москва има намера да ги развие односите со Брисел, но нема намера да аплицира за членство во унијата. Рускиот претседател го нагласува придонесот на неговата земја за развојот на европската цивилизација. Во моментов, преговорите за нов договор за партнерство на Русија и ЕУ се блокирани поради спорот меѓу Москва и Варшава околу увоз на полско месо во Русија.