1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија и Србија - согласност за Косово

Селена Петровиќ25 септември 2008

Претседателот на Србија Борис Тадиќ разговраше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Двајцата постигнаа целосна согласност по косовското прашање.

https://p.dw.com/p/FObP
Целосна согласност со Србија за Косово, Сергеј ЛавровФотографија: AP

Српскиот претседател, Борис Тадиќ, изјави дека Србија сеуште не обезбедила мнозинство за резолуцијата за барање мислење на Меѓународниот суд на правдата за еднострано прогласената независност на Косово. „Постојат земји кои сакаат да гласаат за нашата резолуција и оние кои би сакале да гласаат, но не можат.“, рече Тадиќ во Њујорк.

Српскиот претседател вчеравечер имаше разговори со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, со кого како што рече, постигнал целосна согласност во поглед на прашањето на Косово: „Тоа беше разговор во кој што практично немаше ниту една различна формулација, ниту видување на актуелниот тек на случувањата на Косово. За мене, како претседател на Србија е посебно важна апсолутната поддршка на Русија, за нашата иницијатива во врска со резолуцијата со која бараме советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата. Русија ќе даде поддршка. Исто така е важно Русија да изврши влијание врз извесен број земји членки на ОН, кои исто така би требало да гласаат за нашата резолуција. Од друга страна има апсолутна соласност за натамошната работа за пронаоѓање решение за идниот стастус на Косово. За Русија, кога Косово е на дневен ред, е се разбира прифатливо се‘ што е прифатливо за Србија. Јас потполно јасно ги одредив црвените линии, преку кои Србија не дозволува да се помине кога е во прашање Косово, и начинот на кој што во идниот период ќе ги браниме нашите интереси.“, нагласи Борис Тадиќ.