1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија и Украина потпишаа серија на економски договори

Александар Методијев/афп/дпа17 декември 2013

Украинскиот претседател Виктор Јанукович на својот руски колега Владимир Путин денеска (17.12.) му порачал дека двете земји мораат да развијат стратешко партнерство, додека во Киев се одржуваат масовни про-ЕУ протести.

https://p.dw.com/p/1AbUY
Фотографија: Reuters

„Деншната средба во одреден степен е стратешка“, рече Јанукович. „Ние не мораме да го запреме ова и требаме да го продолжиме развојот на нашето стратешко партнерство“, додаде тој по средбата со Путин во Москва.

Русија и Украина денеска потпишаа серија договори по разговорите во Кремљ меѓу двајцата претседатели – Путин и Јанукович. Со договорите, потпишани од рускиот министер за економија Алексеј Улјукајев и неговиот украински колега Игор Игор Прасулов, двете земји се обврзуваат да ги отстранат меѓусебните трговски пречки, да ги развијат економските врски и индустриската соработка, а со еден од нив Русија се согласува и на намалување на цената на гасот за Украина.

Украинскиот лидер Јанукович пред по разговорите со Путин изјави: „Ако не успееме да потпишеме нешто денеска, тогаш ние не сме способни да го потпишеме тоа нешто ниту во блиска иднина и да продолжиме дополнително да работиме“. Рускиот претседател Путин, пак, оцени дека Украина е една од „стратешките партнери на Русија“ и додаде оти се надева дека „ќе биде направен прогрес во решавањето на најчувствителните прашања“.

Wiktor Janukowitsch und Wladimir Putin Treffen in Moskau 17.12.2013
Јанукович бара пари и економска помош од Русија, откако и’ го заврте грбот на ЕУФотографија: Reuters

Средбата со Путин доаѓа два дена откако претставниците на ЕУ ги пекинаа преговорите водени со месеци, кои требаше на крајот за првпат да ја извадат Украина од „орбитата“ на Русија.

Јанукович веднаш се впушти во потрага по кеш од Русија. Според медиумите, наградата што Путин би можел да и’ ја даде на Украина за вртењето грбот кон ЕУ би можела да биде во висина од 3,6 до 8,7 илјади милијарди евра.

„Рускиот заем би можел да му помогне на Јанукович да се одржи на власт“, смета украинскиот политички аналитичар Влодимир Фесенко. „А, Кремљ е подготвен да му помогне, бидејќи тоа ги исполнува стратешките интереси на Путин“, додава аналитичарот.

На потпишаниот договор за заем, но и за попуст на природниот гас, се гледа како на поддршка за украинската економија, која тоне од првата половина на оваа година. Противниците на Јанукович сметаат дека тој сака да ја стави Украина во членство во Царинската унија предводена од Русија, со која Путин се надева дека ќе создаде конкурент на блокот 28-земји од ЕУ. Украинската влада негира дека договор за членство во Царинската унија би можел да биде потпишан денеска.