1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија – Косово

18 март 2007
https://p.dw.com/p/AgMq

Русија отворено се заложи за сменување на посредникот на ОН за статусот на Косово, Марти Ахтисари. Претседателот на рускиот Совет за безбедност Игор Иванов изјави дека не се исцртува никаква согласност околу планот што го поднесе Ахтисари. Затоа треба да има нови преговори со нов посредник – нагласи Иванов. Вчера со изјава во таа насока се јави и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.