1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија одбележа 67 години од крајот на фашизмот

Александар Методијев/дпа/макфакс/миа9 мај 2012

Русија води политика на зајакнување на безбедноста во светот, изјави рускиот претседател Владимир Путин во говорот на Црвениот плоштад во Москва по повод Денот на победата. По 67 пат се одбележа падот на фашизмот.

https://p.dw.com/p/14s9u
Фотографија: Vladimir Rodionov/RIA Novosti

Марш на повеќе илјади руски војници на Црвениот плоштад во Москва, помали паради во уште 22 града и наместо авиони, хеликоптери со развиорени знамиња – вака Русија ја одбележа победата врз нацистичкиот режим во Германија и ставањето крај на Втората светска војна. Парадата во Москва од свечената ложа пред мавзолејот на Ленин ја следеа највисоките руски функционери, вклучувајќи го и претседателот Владимир Путин и новоизбраниот премиер Дмитриј Медведев. Изложени беа и некои од најмодерните одбранбени средства на руската армија, како тенковите Т-90, возилата за противвоздушна одбрана С-400 и Топол-М интерконтиненталните балистички ракети.

„Ние имаме големо морално право принципиелно и упорно да ги штитиме нашите позиции бидејќи токму нашата земја го прими главниот удар од нацизмот, го дочека со херојски отпор, помина низ тешки маки, го уништи непријателот и донесе ослободување за народите на целиот свет“ рече Путин од пред ѕидините на Кремљ.

Moskau Militärparade Jahrestag Sieg über Deutschland
Повеќе од 14.000 војници маршираа на парадата во МоскваФотографија: Iliya Pitalev/RIA Novosti

Путин им оддаде почит на државите на антихитлеровската коалиција кои дале огромен придонес на уништувањето на заедничкиот жесток непријател.

„Пред 67 години нацизмот беше уништен – ужасна и цинична сила, и немаме право да заборавиме како се роди, доби сила и стана зло кое го гледаше целиот свет. Сите имаме обврска да се сеќаваме зошто почна војната и да ги анализираме пораките, бидејќи тие и понатаму се актуелни“ рече Путин додавајќи: „Тие се закануваа да уништат цели нации како варвари“.

Deutschland Russland Geschichte Erster Weltkrieg deutsche Soldaten im Schützengraben
Поранешниот Советски сојуз загуби над 20 милиони жители во Втората светска војнаФотографија: picture-alliance/akg

На парадата маршираа повеќе од 14.000 војници. Се проценува дека парадата ја чини владата 33 милиони долари. Пред нејзиното одрување беа ангажирани четири авиони опремени со посебни хемиски средства за растерување облаци, поради обилните дождови над Москва.

Парадата на Денот на победата, која Русите ја сметаат за најголем национален празник. Поранешниот Советски сојуз загуби помеѓу 20 и 27 милиони жители во Втората светска војна, која во Русија е попозната како „Големата патриотска војна“.