1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија – пожар

20 март 2007
https://p.dw.com/p/AgMM

Во пожар во еден старски дом што се случи во рускиот регион Кубан, на Црното море, загинаа 63 луѓе. Екипите за спасување од опожарениот дом успеаја да извлечат 27 лица. Причините за уништувачкиот пожар сеуште не се познати. Очевидци тврдат дека противпожарните единици пристигнале на местото на пожарот со еден час задоцнување.